Направете вкусни, топли и крцкави переци кои може да се јадат и за постот.
Состојки:
- 800 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 2 мали шолји масло
- 20 гр квасец
- 1/2 л млака вода
- сусам
- ким
Начин на подготовка:
- Квасецот се става во млака вода за да нарасне со шеќер и сол. Се остава да отстои 20 минути.
- Се замесува потоа со брашното, маслото и останатата вода.
- Се остава да нарасне, додека да почне да се двои од садот. Околу 30 до 45 минути
- Се прават форми на переци и се ставаат на хартија за печење.
- По вкус можете да им наросите одозгора малку ким и сусам. Печете ги околу половина час во загреана рерна на 200 степени.
Добар апетит!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: