Вкусни и посни топчиња од кои застанува здивот. Може да ги јадете цел ден додека постите.
Состојки:
- 100 гр шеќер
- 3-4 лажици вода
- 200 гр мелени ореви
- 200 гр суво грозје
- 200 гр урми
- 200 гр суви смокви
- 1/2 шолја рум
Начин на подготовка:
- Шеќерот се вари со малку вода, па се додаваат мелените урми, суво грозје и рум, мелените смокви и ореви.
- Се прават топчиња и убаво се поминуваат од сите страни во чинија со мелени ореви.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
20 минути без печење – сникерс бајадера
Колач со банани ореви и еурокрем