Посна салата која ќе ја правите и кога не постите

Посна салата која ќе ја правите и кога не постите

Салата која често ќе ја правите и јадете и кога не постите. Оваа многу вкусна салата се прави со спанаќ и пченка.

Еве ги и другите состојки, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 300 гр спанаќ
  • 200 гр Пекабеско замрзната пченка
  • 2 моркови
  • 2 лимони
  • сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Се мие и чисти спанаќот, се ситни на парчиња, а пченката кратко се вари во солена вода заедно со морковот кој се чисти и сечка на кругови.
  2. Се ставаат во сад сите состојки, се додава сол и масло, како и лимонов сок.
  3. Сè убаво измешајте.

Напомена: Доколку постите без зејтин, не го додавајте во салатата.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Зелка салата со посебен сос

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text