Макарони со спанаќ и брокула – Дали сте пробале повкусни?

Макарони со спанаќ и брокула – Дали сте пробале повкусни?

Од тестенини никогаш доста. Лесно и брзо се прават, се комбинираат со многу намирници и даваат совршен вкус.

Направете вкусни макарони со спанаќ, а еве го рецептот:.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 чешни лук
  • 1 шолја спанаќ
  • малку брокула
  • 1 лажица масло
  • 125 гр тестенини
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Се става масло во тава за пржење, па се додаваат исечените лук и кромид, како и спанаќот кој треба претходно да биде добро измиен и ситно искинат, па се динста кратко.
  2. Сварете ја или обарете брокулата кратко, па додајте ја во тавата.
  3. Се ставаат солта и бибер, па се додаваат во тавата и тестенините кои во меѓувреме сме ги свариле во солена вода и исцедиле.
  4. Навистина е лесно и брзо, на крај горе може да си додадете и сирење или пармезан по желба, за поголем шмек.

Добар апетит!

Повеќе на Gotvi.mk:

Потпечен зеленчук со макарони

Макарони со пилешко – кремава тава

Посебен рецепт за макарони

Нова идеја за тестенини

Ваков деликатес со макарони не сте јаделе

бел сос за макарони од две состојки

Запечени пица макарони