Триаголници со бисквити и кикирики, а одозгора чоколадо – Фантастичен вкус, а не е прескапо

Триаголници со бисквити и кикирики, а одозгора чоколадо – Фантастичен вкус, а не е прескапо

Кога станува збор за десерти, најчесто сакаме нешто лесно и вкусно, па ова е нашиот предлог рецепт.

Направете триаголници со бисквити и чоколадо по овој рецепт:

Состојки:

  • 150 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 125 гр маргарин
  • 100 гр мелени кикирики
  • 200 гр мелени бисквити
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка.

  1. Се мешаат шеќерот и водата, па се оставаат околу 5 минути на оган со постојано мешање додека да се стопи шеќерот.
  2. Се трга смесата од рингла, се ставаат маргаринот, бисквитите и кикириките, па се става смесата во триаголен калап да се стегне.
  3. Се прави глазура со чоколадото кое се топи во млеко и масло.
  4. Се става врела глазура на ладен колач.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет