Направете вкусни, лесни и брзи колачиња со костени и рум.
Комбинација е идеална и навистина ќе уживате во вкусот.
Ова е брзиот и лесен рецепт:
Состојки:
- 1 кг. костени
- 250 гр. маргарин
- 200 гр. шеќер
- 2 шолјички рум
Начин на подготовка:
- Костените се мијат и се варат, па се лупат и пасираат.
- Шеќерот се мати со маргаринот, додека не се направи пена, па се додава румот.
- Се додава и пирето од костени и се убаво се соединува.
- Се става смесата на даска, се стиснува за да се направи правоаголник, па се сечат штангли.
- Може да ги декорирате по желба.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути