Необичен десерт кој се подготвува многу едноставно!
Состојки за тесто:
- 350 гр брашно
- 250 мл топла вода
- 5 гр сув квасец
- сол
- 100 гр шеќер
- масло за пржење
Состојки за прелив:
- 100 гр мед
- 200 мл вода
- сок од еден лимон
- цимет
- 40 гр сечкани ореви
Начин на подготовка:
- Во чинија ставете брашно, квасец, шеќер, сол и вода. Замесете глатко тесто и оставете го околу еден час да отстои. Од тестото направете мали топчиња и наредете ги на тацна.
- Добро загрејте масло и пржете ги топчињата од тесто. Кога ќе поруменат ставете ги на хартиена салфета да ја впие маснотијата.
- Згответе прелив од мед, вода и сок од лимон. Сервирајте ги топчињата на чинија, прелијте ги со врел прелив и посипете ги со цимет и ореви.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта