Десерт во чаша „пола-пола” – Неколку состојки и брза подготовка

Десерт во чаша „пола-пола” – Неколку состојки и брза подготовка

Брз десерт со неверојатен вкус и изглед. Се нарекува пола-пола, брзо и лесно се прави, а го сакаат и деца и возрасни.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 200 мл слатка павлака
  • 6 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Се ставаат 700 милилитри млеко со слатката павлака да се варат на оган, па се дели смесата во два сада.
  2. Во еден сад се додаваат 150 милилитри млеко со 3 лажици шеќер, пудингот од ванила и еден ванилин шеќер.
  3. Во другиот сад се додаваат 150 милилитри млеко со 3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, пудингот од чоколадо и 70 грама чоколадо.
  4. Се става од двете смеси во една стаклена чаша на половина, па се рендаат горе останатите 30 грама чоколадо.

Уживајте во овој неодолив десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

singlepost_text