Вкусни и топли кифлички – Од едно тесто излегуваат многу и полни се фил

Вкусни и топли кифлички – Од едно тесто излегуваат многу и полни се фил

Направете кифлички кои од сега ќе ги правите често, ова е рецептот:

Состојки за тесто:

  • 1 кг. брашно 
  • 1 лажиче сол 
  • 2 јајца 
  • 2 дл. масло 
  • 0,5 л. млеко 
  • 50 гр. квасец 
  • 2 лажички шеќер

 

Фил:

  • 3-4 лажици кечап 
  • 350 гр. пилешка шунка 
  • 100 гр. кашкавал 
  • оригано

 

Премачкување.

  • 1 јајце 
  • сусам

 

 

Начин на подготовка:

  1. Загрејте млеко со шеќер и додајте квасец, па оставете да нарасне. 
  2. Во просеаното брашно измешајте сол и јајца, па млекото со квасецот, масло, па замесете тесто. Оставете го кратко да нарасне. 
  3. Поделете го тестото на 4 дела, секоја топка премесете ја, па направете една топка, а потоа расукајте ја. 
  4. Испрскајте го тестото со кечап, ставете оригано, нарендајте шунка, па сечете кифлички и завиткајте ги.
  5. Се редат во плех намачкан со масло, и се остава простор меѓу нив бидејќи ќе нараснат. 
  6. Се оставаат кратко, па се печат на загреана рерна, откако прво ќе ги премачкате со изматено јајце и со сусам. 
  7. Се печат на 180 степени 20-25 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми