Направете вкусен чоколаден колач со мерки во шолји, готов за 20 минути.Навистина е лесен и вкусен, а се прави вака:
Состојки:
- 2 шолји брашно
- 2 лажици шеќер
- ¼ лажички сол
- ¾ шолји масло
- 1 жолчка
- 2 лажици вода
- 1 шолја слатка павлака
- 1 ½ шолји рендано чоколадо
- 2 лажици шеќер
- ¼ лажички сол
- 2 јајца
Начин на подготовка:
- Се мешаат брашното со шеќер и сол, па се додава маслото и се меси смесата, па се додава жолчката и водата за да се добие тесто.
- Се остава во фрижидер на 30 минути. Потоа, расукајте го тестото во круг и сместете го во калап.
- Печете 30 минути на 180 степени со фолија, па уште осум минути без фолија.
- На шерпа загрејте слатка павлака, а откако ќе зоврие тргнете ја од рингла, ставете чоколадо и мешајте. Додајте шеќер и сол, па изматете ги јајцата и додајте се во чоколадото.
- Ставете ја оваа смеса врз оладениот бисквит и испечете на 180 степени уште 15 минути.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет