Пржени на маст, овие гибаници веднаш ќе освојат со својот вкус!
Состојки:
- 500 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажица маст + за пржење
- млака вода по потреба
Начин на подготовка:
- Во половина килограм брашно додајте лажичка сол, 1 лажица маст и замесете средно тврдо тесто со млака вода. Обликувајте го тестото во три топки.
- Малку развлечете го со сукало, премачкајте со маст и оставете го околу половина час да одмара. Развлечете го како за пита.
- Замотајте во ролат и исечете на парчиња. Секое парче развлечете го со сукало и пржете го на врела маст од двете страни додека убаво не порумени.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот