Повкусно и од мусака: Ред рендан компир, ред пилешко и ќе приготвите деликатес

Повкусно и од мусака: Ред рендан компир, ред пилешко и ќе приготвите деликатес

Направете вкусен ручек. Сочно пилешко месо со компир кое се топи во уста.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 кг пилешко месо
  • 1 кромид
  • 7 компири (околу 700 грама)
  • 3 јајца
  • 200 мл млеко
  • 250 гр брашно
  • 200 гр Пекабела павлака
  • 100 мл масло
  • вегета
  • бибер
  • сол
  • малку црвен пипер (по вкус)

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо се зачинува со вегета и сол и бибер, па се пржи на загреано масло од двете страни.
  2. Компирот се мие и лупи, па се ренда, а потоа се става во длабок сад.
  3. Му се додаваат јајцата, млекото, павлаката и брашното, ситно сечканиот кромид и маслото. Сè соединете со лажица и зачинете по вкус.
  4. Ставете ја смесата во тава за печење. Одозгора ставете ги парчињата пилешко месо, па полијте со малку масло.
  5. Оставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Компир кој стана популарен

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Кнедли од компири