Пилешките батаци се иделни за подготовка на брз ручек. Потребно е само да ги премачкате со ароматичен прелив, додајте им крцкава кора од презла и зачински билки, па ставете ги во рерна.
Состојки:
- 8-10 пилешки батаци
- 2 мали шолји презла
- 4 лажици магдонос
- 2 лажички црвена пипер
- 2 лажички лук во прав
- 1 лажичка сушено оригано
- пармезан
- 2 лажички сол
- 3 лажички сенф
- 200 гр путер
- бибер
Начин на подготовка:
- Печката загрејте ја на 200 степени.
- Садот во кој ќе ги печете батаците премачкајте го со путер, а потоа во посебен сад измешајте презла, ситно сечкан пармезан, ситно сечкан магдонос, оригано, црвена пипер и лук. Додајте сол и бибер, па сè убаво измешајте.
- Во сад растопете путер, додајте сенф и сè добро измешајте.
- Батаците премачкајте ги со мешавина од сенф и путер, а потоа извалкајте ги во мешавината со презла.
- Наредете ги батаците во сад за печење. Печете околу еден час или додека не попримат златна боја.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука