Најевтин рецепт за кокос бомбици – Само матите и ладите

Најевтин рецепт за кокос бомбици – Само матите и ладите

Од рафаело никогаш доста. Постојат повеќе рецепти за вкусни рафаело бомбици, но ова е најлесниот:

Состојки:

  • 1/2 л млеко
  • 4 лажици густин
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 2 мали шолји шеќер
  • 125 гр маргарин
  • 250 гр кокос

Начин на подготовка:

  1. Густинот се мати со малку млеко, а останатото млеко се вари со шеќерот и ванилин шеќер, па се додава во него и густинот.
  2. Се лади убаво смесата, па во неа се додава маргаринот и кокосот. Убаво промешајте и соединете.
  3. Се прават топчиња и убаво се поминуваат од сите страни во сад со кокос, па се оставаат да се стврднат во ладилник.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе десерти на Gotvi.mk:

Рафаело бомбици

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед