Рецепт за брз колач од гриз и џем. Сè се мери во шолја од 200 милилитри.
Состојки:
- 3 јајца
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја гриз
- 1 шолја џем
- 1 шолја брашно
- 1 шолја масло
- 1 шолја млеко
- 1 прашок за печиво
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер и ванилин шеќер, додајте ги останатите состојки и сè измешајте (не е потребен миксер).
- Намастете тепсија и посипете ја со брашно, па излијте го разматеното тесто.
- Големината на тепсијата изберете ја по ваша желба во зависност од саканата висина на колачот. Исто така, и џемот може да биде по ваш избор, ако користите кајсија ќе имате посветол колач. Можете да пробате и со домашен џем од јагоди.
- Колачот печете го во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Убав е кога се јаде топол, а мек е и по два дена!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта