Повеќето состојки веројатно веќе ги имате во кујна, а кондензираното млеко може да се купи во секоја поголема продавница.
Состојки:
- 150 гр излупени лешници
- 100 гр темно чоколадо
- 1 лажица какао
- 300 мл засладено кондензирано млеко
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
- 2 лажици млеко
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 170 степени. Обложете тепсија со хартија за печење и распоредете лешници, па печете ги 8-10 минути. Кога ќе попримат златна боја, иситнете ги во блендер (треба да добиете смеса слична на путер од кикирики).
- Растопете го чоколадото на слаб оган, додајте кондензирано млеко и добро измешајте.
- Во блендер ставете чоколадо, какао, екстракт од ванила, сол и лешници. Соединете, додајте млеко за намазот да не биде премногу густ. Измиксајте, пробајте и додајте уште млеко по потреба.
- Ова чоколадно задоволство можете да го чувате во тегла на собна температура четири, а во фрижидер до 30 дена.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега