На италијански начин: Запечен карфиол со домати

На италијански начин: Запечен карфиол со домати

Кога ќе посакате да подготвите карфиол, пробајте на овој начин и нема да зажалите!

Состојки:

  • 800 гр карфиол
  • 3 јајца
  • 100 гр путер
  • 1 дл млеко
  • 2 лажици павлака Пекабела
  • 2 лажици пармезан
  • 1 лажица пченично брашно
  • 400 гр пелати
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • босилек
  • 500 гр свежо сирење

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот кратко бланширајте го во солена вода. По десетина минути готвење исечете го на мали парчиња. 
  2. Јајцата разматете ги со путер, додајте млеко во кое сте разматиле лажица брашно, павлака и измешајте пармезан. 
  3. Садот за печење премачкајте го со путер, на дното наредете пелати па посипете со босилек. На нив наредете карфиол, посолете, побиберете па залијте со смеса од јајца, путер, млеко, брашно, павлака и пармезан. 
  4. Печете во рерна 20-25 минути додека не поруменат јајцата на врвот. 
  5. Готовото јадење посипете го со свеж магдонос и послужете.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство