Ако сакате да направите цврст и вкусен снег од белки, тогаш ви ги пренесуваме овие чекори и совети од поискусните во кујната.
Снегот од белки ќе биде поцврст ако го матите во метален сад со миксер. Пред матењето садот оставете го десетина минути да се олади во фрижидер, заедно со маталките.
Разликата е во тоа што кога садот е ладен треба подолго да се мати, но потоа шлагот е поцврст.
Исто така и јајцата кои се „стари“ барем 2-3 дена се смета дека се подобри од свежите за матење.
Важно е и кога се двојат белките од жолчките да не остане ни дел од жолчката, бидејќи така нема никогаш снегот од белки да биде доволно цврст.
Пред матење, во садот со белките ставете малку сол за поголем ефект.
Исто така и шеќерот во прав е подобар избор од обичниот шеќер кога правите шлаг.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути