Не се чека тестото да нарасне – Слатки кифли со пудинг од ванила и кокос

Не се чека тестото да нарасне – Слатки кифли со пудинг од ванила и кокос

Нежни кифлички со кокос и пудинг од ванила кои ќе ги воодушеват сите. Ќе ги сака семејството и сите гости.

Тестото е лесно и нема потреба да се чека да нарасне, па сигурно ќе ви успее од прва. Брзо се прават, а вкусни се и утредента.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 100 гр кокос
  • 120 гр маргарин
  • 200 гр јогурт
  • 1 јајце
  • 100 гр шеќер
  • 1 прашок за пециво

Фил:

  • 300 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 50 гр кокос

Начин на подготовка:

  1. Во чинија се крши јајцето и се мати со шеќерот, се додава растопениот маргарин, јогурт и брашно, а потоа и прашокот за пециво.
  2. На крај се става и кокосот, па се замесува тесто. Тестото се развлекува, се сече на пола по должина и се сечат триаголници од него.
  3. Посебно се вари пудингот во млекото во кое ќе ги додадете шеќерот и кокосот. На овој начин добивате фил, кој ќе го оставите да се олади..
  4. Во секој триаголник се става лажица од изладениот фил и се витка кифличка, па се редат на плех и се печат додека да поруменат во загреана рерна на 200 степени.
  5. Се украсуваат одозгора со кокос и шеќер.

Уживајте во овој сладок вкус 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Крофни од банана и јаболка

Експрес крофни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта