Немате многу време за козметички третмани? Јадете го ова за помладување на лицето

Немате многу време за козметички третмани? Јадете го ова за помладување на лицето

Живееме брз начин на живот, во стресно време, а постојано сме ограничени со некакви рокови. Ако сте растргнати меѓу семејството и обврските и немате време за себе, ви нудиме намирници кои доколку ги консумираат можат да влијаат за подмладување и освежување на вашата кожа.

Јогуртот е богат со протеини, како и калциум, па помага за јакнење на коските и за исфрлање на токсините, со што делува и на кожата.

Боровинките се богати со антиоксиданси кои ја прават кожата сјајна и здрава.

На листата е и доматот, содржи ликопен кој како антиоксиданс ја чисти кожата од дамки и болести. Помага и против создавање брчки.

Авокадото треба што почесто да го јадеме за здрава и сјајна кожа, која ќе биде мазна и брз брчки. Не залудно дел од козметичките препарати ја содржат токму оваа состојка. Ја храни кожата и ја прави помлада.

И зелениот чај кој е богат со витамини и антиоксиданти може многу да помогне. Тој содржи и многу витамин Ц, а на оваа листа може да ги додадеме и брокулата и куркумата.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Сода бикарбона – замена за 8 скапи препарати за нега

Како да ја отстраните бојата за коса која не ви се допаѓа?

Брз пилинг за меки усни – Ви требаат само 2 состојки

Природна маска за отстранување на митесерите од носот

Ослободете се од стресот со 5 минутна масажа на прстите

Студени раце и стопала? Еве на кои здравствени проблеми може да укажуваат

5 природни маски за лице против акни