Направете вкусни кроасани за почеток на денот.
Еве го рецептот:
Состојки:
- 1 кг брашно
- 1 квасец
- 3 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 250 мл кисело млеко
- 250 мл млеко
- 3 јајца
- 1/2 коцка маргарин
Начин на подготовка:
- Во малку млако млеко се става квасецот и шеќерот и се остава да нарасне. Во друг сад се соединуваат јајцата со киселото млеко и солта. Се додава потоа и млекото со квасецот, како и брашното, па се замесува тесто.
- Нека стои да нарасне 30 минути.
- Кога ќе нарасне тестото се дели на два дела, па секој дел на по осум помали топчиња.
- Се развлекува едно топче со големина на палачинка и се премачкува одозгора со маргарин, па се развлекува друго и се става одозгора и се премачкува со маргарин.
- Така се прави со сите осум но последната не се премачкува одозгора.
- Се расукува тесто, па се сече на 12 дела и се виткаат кроасани.
- Се премачкуваат со јајце и малку млеко и се оставаат да стојат малку на плех пред печењето.
- Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: