Не го фрлајте стариот леб: Неколку состојки и добивате нешто повкусно од торта

Не го фрлајте стариот леб: Неколку состојки и добивате нешто повкусно од торта

Никогаш не фрлајте храна! Ако имате стар леб дома, искористете го да направите вистински деликатес кој има долга традиција.

Неверојатно вкусен десерт за сите сетила. Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 векна бајат леб исечен на коцки
  • 4 шолји млеко
  • 3 јајца
  • 2 шолји шеќер
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 1 шолја суво грозје
  • малку цимет
  • 3 лажици растопен путер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете млеко во сад и со мешање додавајте ги парчињата леб, па притиснете со раце за целосно да го впијат млекото.
  2. Во друга чинија изматете ги јајцата со шеќерот, ванилата и цимет. Додајте го и ова во чинијата со натопениот леб, потоа ставете го и сувото грозје, па внимателно измешајте.
  3. Ставете го путерот на плех, па сипете ја смесата одозгора и рамномерно распоредете ја.
  4. Печете во веќе загреаната рерна околу 40 минути.
  5. Готово е кога ќе добие кафеава боја и ќе почне да се одвојува странично од плехот.

На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

singlepost_text