Нов специјалитет за следната свеченост: Крем салата со шунка, печурки и сусам

Нов специјалитет за следната свеченост: Крем салата со шунка, печурки и сусам

Направете вкусна салата со шунка, печурки и сусам. Навистина е посебна и вкусна, а може да ви послужи како совршено предјадење или прилог.

Еве го рецептот кој ќе си го зачувате:

Состојки:

  • 3 шолји павлака
  • 360 гр маринирани шампињони
  • 100 гр сусам (по вкус)
  • 200 гр мајонез
  • 200 гр Пекабеско шунка
  • 200 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Шунката и маринираните печурки се сечкаат на коцки, па се ставаат во длабок сад.
  2. Се додаваат павлаката и мајонезот, потоа и сусамот и сè добро се соединува.
  3. На крај, во садот се додава и изренданиот кашкавал.
  4. Оставете да се стегне во ладилник и ставете сусам одозгора.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула