Ролат „од сè по нешто” – Рецепт од 10 намирници за супер десерт

Ролат „од сè по нешто” – Рецепт од 10 намирници за супер десерт

Направете вкусен ролат од неколку состојки. Од сè по нешто и ќе направите вкусен десерт деликатес.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 400 гр издробени бисквити
  • 100 гр чоколадо
  • 250 гр маргарин
  • 130 гр шеќер
  • 3 лажици мелени ореви
  • 3 лажици мелени бисквити
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр суви смокви
  • 50 гр сечкани ореви
  • 50 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад се мешаат ситно издробените бисквити, сечканите ореви, суво грозје, суви смокви, како и мелените бисквити и ореви.
  2. Се топи маргаринот со шеќерот, се вари 3-4 минути, а потоа се додава и чоколадото.
  3. Се меша ова со претходната смеса, па во истиот сад се додава и млекото за да не биде суво.
  4. Со помош на чиста кеса се обликува ролат и се остава добро да се олади, па се послужува пресечено на кругови.

Уживајте со малку труд 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече