Несекојдневни и брзи: Пржени лепчиња со јаболка и крем сирење (Видео)

Несекојдневни и брзи: Пржени лепчиња со јаболка и крем сирење (Видео)

Овој специфичен оброк можете да го послужите за доручек или вечера. Едно е сигурно – за гостите ќе биде вистинско изненадување!

Состојки:

  • 1 црвено јаболко
  • 1 зелено јаболко
  • 8 парчиња леб
  • 3 јајца
  • малку млеко
  • шеќер
  • крем сирење
  • путер

Начин на подготовка:

  1. Исечете црвено и зелено јаболко на тенки кругови. Разматете малку млеко со три јајца и додајте шеќер по желба.
  2. На парчиња тост леб направете вдлабнатини како би можеле да ги наредите јаболката.
  3. Четири парчиња леб преклопете со уште четири парчиња вдлабнат леб и потопете ги во смеса од јајца.
  4. Наредете ги парчињата во плех обложен со хартија. Нанесете крем сирење и редете парчиња јаболка. На јаболката додајте малку путер и печете на 180 степени во рерна.
  5. На готовиот оброк можете да додадете и топка сладолед.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука