Исечкајте сувомеснато, сирење и кашкавал: Панцероти полни фил

Исечкајте сувомеснато, сирење и кашкавал: Панцероти полни фил

Денот нека започне вкусно со полнети панцероти со богат фил. Ќе рашират прекрасна мирис, а често ќе се навраќате на овој појадок.

Еве како да ги подготвите:

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 3 јајца
  • 100 гр сирење
  • 200 гр Пекабеско шунка или друг сувомесен производ
  • 20 гр квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • малку сол
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • малку масло
  • 100 гр кашкавал
  • кечап
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Во малку млако млеко растопете го квасецот со шеќер, па додајте две јајца, млеко и јогурт, малку масло, брашното и солта.
  2. Замесете го тестото и оставете го да нарасне. Потоа, развлечете го тестото, па со чаша вадете делови од него.
  3. Исечкајте го сувомеснатото и издробете го ситно сирењето. Кашкавалот изрендајте го.
  4. Во секое парче тесто ставете кечап со оригано, малку од сувомеснатото, сирењето и кашкавал.
  5. Спојте ги краевите за да добиете панцерота, па стиснете убаво да се затвори и за да не истече филот.
  6. Оставете ги да нараснат десетина минути, па премачкајте ги одозгора со јајцето кое остана и потоа печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
  7. Супер се во комбинација со јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми