Локма: Традиционален турски десерт од дворците на султаните

Локма: Традиционален турски десерт од дворците на султаните

Локма е турски колач кој се прави од пржено тесто и едноставен сируп. Овој десерт најчесто се послужува со црно кафе.

На турски, зборот локма означува мали залаци од рајот, а десертот потекнува од дворците на отоманските султани.

Состојки за тесто:

  • 250 гр брашно
  • 1 јајце
  • 10 гр шеќер
  • 10 гр свеж квасец
  • 300 мл млака вода

Состојки за сируп:

  • 500 мл вода
  • 700 гр шеќер
  • сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

  1. Направете сируп од вода, шеќер и сок од лимон. Кога ќе зоврие тргнете од оган и оставете да се излади.
  2. Брашното, јајцето и омекнатиот квасец (оставете ги малку во топла вода) ставете ги во сад, додајте млака вода и замесете тесто. Оставете го да надојде 20-30 минути.
  3. Во тава загрејте длабоко масло колку да ги прекрие топчињата од тесто.
  4. Со рака земете малку тесто и затворете ја дланката, така што помеѓу палецот и показалецот ќе излезе малку смеса. Со лажица земајте ги тие топчиња и ставајте ги во масло, пржете ги додека не поруменат.
  5. Извадете ги со лажица и веднаш ставајте ги во изладен сируп на кратко, за да не омекнат премногу. Редете ги во сад за сервирање.
  6. Можете да ги прелиете со чоколадо, мед, цимет, мелени лешници или ореви.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text