Совршенство без мана: Запечени макарони со сирење

Совршенство без мана: Запечени макарони со сирење

Не знаете веќе какви тестенини да зготвите? Нема проблем, спојте ги со сирење и направете превкусни макарони!

Состојки:

  • 1 пакување макарони
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • 2 мали шолји млеко
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка свеж бибер
  • 1/4 лажичка мелена црвена пипер
  • 300 гр чедар сирење или некое друго сирење кое се топи

Начин на подготовка:

  1. Згответе тестенини по упатството на кесичката. 
  2. Растопете путер во голема тава на слаб оган, разматете брашно додека смесата не стане глатка и мешајте без прекин две минути. Постепено додајте млеко и гответе мешајќи пет минути, додека не згусне. 
  3. Тргнете од оган. Измешајте сол, црн бибер, црвена пипер, 200 гр сирење и тестенини. 
  4. Префрлете ги тестенините во огноотпорен сад, а на врвот ставете го останатото сирење. 
  5. Печете на 200 степени 20 минути. По вадењето од печка за уште посочен резултат посипете со пармезан. Нека отстои 10 минути пред послужување.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

singlepost_text