Топли и ароматични триаголници со кашкавал за појадок – Крцкаво и вкусно

Топли и ароматични триаголници со кашкавал за појадок – Крцкаво и вкусно

Направете вкусни триаголници со кашкавал. Навистина се ароматични, а и лесно се прават.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 шолја брашно
  • малку сол
  • 4 лажици маргарин
  • 250 гр кашкавал
  • 3-4 лажици вода
  • бибер
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад се мешаат брашното со солта и малку бибер, па се додава маргаринот. Се меша убаво да се соедини.
  2. Потоа во смесата се додава изренданиот кашкавал и водата, па се замесува тесто.
  3. Се остава да отстои во фрижидер 20 минути.
  4. Потоа, се развлекува на хартија за печење, се сече на триаголници кои се премачкуваат со јајце, а одозгора им се наросува и сусам.
  5. Се печат во загреана рерна на 250 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми