Брзи и сочни: Далматински плескавици од праз

Брзи и сочни: Далматински плескавици од праз

Совршен оброк, со висока нутритивна вредност кој може да се комбинира со разни јадења и сосови.

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 праз
  • 4 парчиња сушен домат
  • 100 гр овесни снегулки
  • 250 мл млеко
  • 3 јајца
  • 50 гр пченично брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 5 лажици сончогледово масло

Начин на подготовка:

  1. Ставете снегулки во сад па додајте млеко. Нека се натопуваат околу 30 минути. 
  2. Измешајте јајца, брашно, прашок за печиво, сол и лажица сончогледово масло. 
  3. Загрејте маслиново масло во тава па додајте праз. Пржете пет минути, измешајте домати и пржете уште минута. 
  4. Додајте ги во смесата со брашно па сè измешајте во снегулките. 
  5. Загрејте тава, додајте 4 лажици сончогледово масло и испечете помали, дебели плескавици од претходно направената смеса. Печете додека не добијат убава боја.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text