Рецепт за пита која не случајно ја нарекуваат царска (Видео)

Рецепт за пита која не случајно ја нарекуваат царска (Видео)

Направете вкусна пита која се нарекува царска, со многу сувомеснато и со супер вкус.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 180 мл млеко
  • 70 мл масло
  • 220 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 50 гр кулен
  • 50 гр врат
  • 50 гр шунка
  • 2 кисели краставички
  • 150 гр кашкавал
  • оригано
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Ги сечкаме ситно свинскиот врат, куленот, шунката и краставичките, а кашкавалот се ренда на крупната страна на рендето.
  2. Се матат јајцата во сад со сол и млеко, па се додава маслото и сè убаво се меша.
  3. Во смесата со јајцата се додаваат прашокот за пециво и брашното кои претходно сте ги соединиле.
  4. Ставете ги сечканите кулен, шунка и врат, па киселите краставички и кашкавалот, како и ориганото.
  5. Се става смесата во подмачкан плех и одозгора се става сусамот.
  6. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
  7. Може да послужите со кајмак, кечап, мајонез или друго по ваш вкус.

Деталната подготовката погледнете ја во видеото:

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text