Кој обожава да готви, ужива и во откривањето на нови рецепти. Особено кога се здрави и направени со намирници кои ги имаме дома и за кои не мора да се трча до најблискиот маркет.
Ако имате зеленчук во фрижидер, тоа е совршена прилика да направите вкусна крем супа или чорба.
Еве неколку совети:
Подгответе го зеленчукот. Може да искористите сè што ви останало во фрижидер: карфиол, спанаќ, брокула, блитва, компир, грашок или некој друг зеленчук. Сè измијте и рамномерно исечкајте.
Во лонец за супа ставете масло или маргарин, па испржете го кратко зеленчукот додека да омекне. Додадете малку кромид или лук за арома.
Кога се работи за зачините, карфиолот оди со кари, морковот, пак, со куркума или ѓумбир. Со експериментирање ќе откриете кој зеленчук со што оди според вашиот вкус.
Ако немате претходно сварен бујон, може да користите само вода и многу вегета и зачини во кои ќе го сварите зеленчукот. По вкус во варењето можете да ставите фиде, тарана, резанци или просо.
На крај може да додадете павлака за покремав вкус и поголема густина , како и сечкан магдонос.
Уживајте во омилениот вкус на секое годишно време 🙂
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Посна чорба од кисела зелка варена во расол
Чорба од спанаќ идеална за есента – Ќе оздравите за миг
Црвено бела чорба: Само една чинија го закрепнува и лечи телото!
Оризот може да се подготви и вака: Вкусна крем чорба
Чорба од маринирани печурки – за ладните денови