Иако нутриционистите постојано советуваат да јадеме риба најмалку два до три пати во неделата, дел од нас не ги применуваме овие препораки.
Време е тоа да го промениме, а ние ве информираме за содржината и хранливата вредност на сардината, осличот и скушата:
Сардината која често се јаде кај нас служи за сјајна кожа. Има 20 грама белковини и 5 грама липиди во 100 грама. Има и витамин А неопходен за кожата кај човекот.
Треба да се јаде два пати во неделата.
Осличот кој често е присутен на дел од трпезите во Македонија ги јакне и ги зацврстува коските. Има 15 грама белковини и 0,5 грама липиди во 100 грама риба. Филетите се посни, но со доста калциум кој е корисен за коските, па може да се јаде речиси неограничено.
Се препорачува и за жени во менопауза и за деца.
Скушата е риба која се препорачува да се јаде печена на жар и помага за здраво срце. Има 19 грама белковини и 12 грама липиди во 100 грама.
Содржи и омега три масни киселини кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.
Се препорачува да се јаде еднаш до два пати неделно.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Совршен рецепт за риба деликатес
ВИДЕО РЕЦЕПТИ за посни пити, посни салати и риба
Малку време за деликатес: Риба полнета со компир