Триаголници со кашкавал: Вкусно печиво кое ќе го обожавате!

Триаголници со кашкавал: Вкусно печиво кое ќе го обожавате!

Брзи и едноставни, неверојатно вкусни, а можете да ги подготвите за ручек, вечера или ужина!

Состојки:

  • 1 поголема шолја брашно
  • 4 лажици путер
  • 250 гр кашкавал
  • 3-4 лажици вода
  • малку бибер

Начин на подготовка:

  1. Добро измешајте брашно, сол и бибер, потоа додајте путер исечкан на парчиња и продолжете со мешање. Во смесата додајте изрендан кашкавал, 3-4 лажици вода и месете додека тестото не добие форма на топка. 
  2. Замотајте го тестото во пластична кеса и изладете го во фрижидер 20 минути. 
  3. Изладеното тесто развлечете го директно на хартија за печење. Тестото исечете го на триаголници. 
  4. Премачкајте го со јајце и по желба посипете со сусам. 
  5. Печете на 250 степени, 15 до 20 минути или додека триаголниците не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text