Салата од две состојки – Рецепт кој го јакне имунитетот и го прочистува телото

Салата од две состојки – Рецепт кој го јакне имунитетот и го прочистува телото

Ако сакате да јадете нешто здраво и вкусно, a кое не дебелее, тогаш направете салата од круши и цвекло.

Еве кои состојки се потребни за да ја направите оваа салат:

Состојки:

  • 500 гр цвекло
  • 50 гр оцет балсамико или сок од лимон
  • 1 дл вода
  • малку сол
  • малку бибер
  • 150 гр круши
  • малку шеќер

Начин на подготовка:

  1. Цвеклото се мие, се лупи и се сече на тенки парчиња.
  2. Во лонец се ставаат оцетот и децилитар вода, па малку сол и шеќер.
  3. Се додава цвеклото и се остава да се вари на тивок оган додека малку да омекне.
  4. Крушите се мијат, се лупат и се сечат на тенки парчиња.
  5. Се додаваат пред крајот на варењето во лонецот, па сè заедно се вари дополнителни 10 минути.
  6. Сервирајте во чинија, а може да додадете сос по вкус.

Оваа салата е исклучително здрава поради цвеклото кое е богато со минерали, помага против анемија, додека крушката помага за правилна работа на стомакот и варење на храната.

Има и состојки кои го намалуваат холестеролот и шеќерот во крв.

Не ги преварувајте состојките за да не ги изгубат хранливите вредности.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула