Вкусниот тоблероне десерт по домашен рецепт со поинаков вкус. Направете уживање од бело чоколадо и суво овошје.
Ова се состојките и начинот на подготовка:
Состојки:
- 400 гр бело чоколадо
- 4 лажици мед
- 200 гр суво овошје (суви кајсии, брусница, суво грозје)
Начин на подготовка:
- Во сад на оган се топи чоколадото со медот, а кога ќе се соедини убаво и смесата ќе стане хомогена, се додава исеченото суво овошје.
- Сами изберете кое суво овошје ќе го ставите, но важно е да биде 200 грама.
- Сè измешајте, сипете во калап и оставете да се стегне во фрижидер.
- По желба можете да го исечете на триаголници.
- Ако ставите посно бело чоколадо, може да го направите и како посен десерт.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Домашно тоблероне со кока-кола
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет