Палачинка-сарми: Супер деликатес, богат фил и кремав прелив

Палачинка-сарми: Супер деликатес, богат фил и кремав прелив

За ова најверојатно не сте чуле и сигурно не сте го пробале. Направете палачинка-сарми кои имаат неодолив вкус, а воедно и супер крем врз нив.

Ова е рецептот кој е навистина посебен:

Состојки за палачинки:

  • 300 гр брашно
  • 1 јајце
  • малку сол
  • 300 мл минерална вода
  • масло

Состојки за фил:

  • 400 гр пилешко варено месо
  • 200 гр сирење
  • 150 гр кајмак
  • 1 јајце

Состојки за прелив:

  • 200 мл Пекабела павлака
  • 2 жолчки

Начин на подготовка:

  1. Се матат состојките за палачинките со миксер, се загрева масло на тава и се печат палачинките според стандардна процедура.
  2. Ситно се сече пилешкото месо кое претходно треба да го сварите во солена вода, се меша со издробеното сирење, кајмакот и јајцето.
  3. Се става филот на палачинките, се виткаат, па се редат во огноотпорен сад.
  4. Се преливаат со мешавината од павлака, жолчки и сол.
  5. Се печат во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. По желба можете одозгора да им ставите и малку павлака.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Палачинки со пилешко

Палачинки на дански начин

Палачинки од јогурт и банана

Свечени благи палачинки

Солена торта со палачинки