Корисни совети: Што да се јаде, а што да се избегнува од страна на дијабетичарите

Корисни совети: Што да се јаде, а што да се избегнува од страна на дијабетичарите

Дијабетичарите знаат колку е важно да се контролираа оваа болест, кој за жал денеска зема сè поголем замав.

Ова се неколку корисни совети за исхраната за дијабетичарите:

Кога станува збор за леб, се јаде најмногу едно парче или 50 грама, со секој оброк. Предност дајте му на црниот и интегралниот леб, кој е богат со диететски влакна, а кои спречуваат нагло да падне шеќерот по оброк.

Избегнувајте да го комбинирате лебот со компир, ориз и грав.

Од месо се препорачува пилешко, телешко, говедско месо и секако многу риба.

Кога се работи за млечни производи, јогурт и кисело млеко земајте во умерени количини.

Тестенините треба да се избегнуваат, а јајца да се јадат до два пати неделно. Доколку јадете тестенини, препорачуваме тоа да бидат интегрални, кои ги има и на нашиот пазар. Количина: исто како за препорачаната количина на леб, односно тестенините нека ви бидат замена за леб во текот на тој ден.

Алкохолот треба да се избегнува, а кафето и чајот треба да бидат незасладени или да користите вештачки засладувачи.

Солта кај дијабетичарите мора да биде со контролиран внес во телото. Се препорачува малку солена храна.

Напомена: Природните рецепти и советите напишани на интернет не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Помага во борба со дијабетес и килограмите

Природен лек за дијабетес

Збогум на дебелината и дијабетесот

Доктор пронајде лек за дијабетес

Чај за дијабетичари