Зимските попладна се идеални за дружење со семјетвото, па затоа е добро што помалку време да поминувате во кујна.
Еве еден рецепт за ручек кој брзо и лесно се подготвува, а уживањето е гарантирано.
Состојки:
- 500 гр пилешко бело месо
- 400 гр пченка
- 6 домати
- масло
- 1 лажичка сув зачин
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Белото месо исечете го на ситни парчиња, посолете и побиберете, па спуштајте во загреано масло кратко да се пржат. Готовото месо извадете го од маснотијата и оставете го на топло.
- Во маслото во кое се пржело пилешкото ставете излупени и ситно сечкани домати. Крчкајте ги доматите додека не пуштат сок, додајте пченка, ставете зачин и продолжете да крчкате додека пченката не биде зготвена.
- Во готовиот сос вратете го прженото пилешко месо, добро измешајте и уште малку гответе додека месото не ги впие соковите.
- Послужете топло и добар апетит!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат