Пробајте го овој освежувачки сок и веднаш ќе почувствувате налет на енергија.
Забележавме дека во последно време комбинацијата од портокал и ѓумбир е навистина популарна.
Покрај ѓумбирот и портокалот, за подигнување на расположението заслужен е и морковот, кој на сокот му дава интензивна портокалова боја и ги спојува вкусовите.
Состојките се доволни за една голема чаша сок, кој ќе ви ја запре жедта, ќе ве засити и ќе ви ја намали потребата за грицки.
Состојки:
- парче ѓумбир со големина од еден сантиметар
- 450 гр моркови
- 2 портокали
Начин на подготовка:
- Измијте ги, излупете ги и исечкајте ги ѓумбирот и морковите. Во соковник прво исцедете ѓумбир, а потоа портокали и моркови. Сервирајте со неколку коцки мраз и уживајте!
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи