Витаминот Б9 кој е познат повеќе како фолна киселина, е дел од семејството на Б витамини кои се растворливи во вода.
Токму поради тоа, важно е константно да се внесува во телото, а игра важна улога за метаболизмот, имунитетот и ги претвара јаглените хидрати во енергија неопходна за функционирање на телото.
Витамините од групата Б играат главна улога во обновувањето оштетени ткива, како и во процесот на формирање ДНК и останати нуклеински киселини.
Фолната киселина игра важна улога во произведувањето серотонин и влијае позитивно на севкупното здравје, нервозата, сонот и придонесува за ослободување од стресот.
Најбогат извор на фолна киселина се зелениот зеленчук како спанаќот, шпарглата, грашокот, потоа мешунките, школките, месото, житарките, цитрусното овошје, цедените овошни сокови, како и квасецот.
Се препорачува дневна доза од 300 до 330 милиграми на ден. Важен е и за време на бременоста.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Без овој минерал срцето не може правилно да работи
Витамини и минерали за младост
Листовите на овој зеленчук имаат најмногу витамини
Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата
Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите
Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење
Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса