Популарна мусака со компири – Еден додаток целосно го менува вкусот

Популарна мусака со компири – Еден додаток целосно го менува вкусот

Направете мусака на посебен начин со компири и кисела зелка. Има посебен вкус и арома.

Еве ги состојките кои ви се потребни и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 10 средни компири
  • 500 гр кисела зелка
  • 2-3 чешни лук
  • 1 кромид
  • вегета
  • сол
  • 3-4 Пекабеско колбаси

Состојки за прелив:

  • 1-2 јајца
  • малку млеко

Начин на подготовка:

  1. Се вари компирот, па се лупи, потоа се лади и се сече на кругови. Внимавајте да не го преварите.
  2. Се цеди киселата зелка, кромидот и лукот се ситнат, колбасите се сечат на тенки кругови, па се освен компирите се става во тенџере да се динста на оган. Се додаваат зачините и малку вода. На овој начин добивате смеса.
  3. Во огноотпорен сад за печење подмачкан со масло се ставаат еден ред компири, па ред смеса и понатаму ја повторувате постапката. Најодозгора ставате ред компири.
  4. Се пече околу 15 минути во загреана рерна на 220 степени.
  5. Се вади пред крајот и се става преливот кој ќе го направите од соединета смеса од малку млеко со разматено 1 или 2 јајца.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко