Рецепт за едноставен и брз колач од мак прелиен со меко чоколадо. Секој залак е поубав и поубав…
Состојки:
- 4 јајца
- 100 мл млеко
- 100 мл јогурт
- 150 гр шеќер
- 100 мл масло
- 200 гр брашно
- 150 гр мелен мак
- 1 кесичка прашок за печиво
Состојки за прелив:
- 100 гр чоколадо
- 4 лажици шеќер
- 3-4 лажици млеко
- 50 гр маргарин
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрева, обложете помала тепсија со хартија за печење (20х30).
- Матете јајца и шеќер околу 2-3 минути или додека не стане пенасто без балончиња. Додајте ги останатите течни состојки, јогурт, млеко, масло, измешајте. Измешајте мак, брашно и прашок за печиво па веднаш излејте во плех.
- Печете околу 25 минути додека фино не порумени. Оставете кората да се излади.
- На пареа згответе прелив додека не се растворат сите состојки.
- Преку млакиот колач прелијте млак прелив и оставете да се излади и стегне. Исечете коцки и уживајте во преубавиот вкус.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта