Лиснати погачи – Рецепт за вкусен почеток на викендот

Лиснати погачи – Рецепт за вкусен почеток на викендот

Направете вкусни лиснати погачи за појадок, вечера или како вкусен пречек на најавените гости.

Ова е рецептот кој брзо и едноставно се подготвува:

Состојки:

  • 1/2 л млеко
  • 1 квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сол
  • 2 жолчки
  • 800 гр брашно
  • 250 гр маргарин
  • 1 јајце и сусам за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Во млакото млеко се додава квасецот со шеќерот и се остава да нарасне.
  2. Потоа, се додаваат жолчките и постепено се става брашното, па се замесува тесто.
  3. Оставете го покриено со крпа околу 30 минути да отстои за да нарасне.
  4. Со сукало убаво се развлекува тестото на работна површина во форма на правоаголник, па се ренда целиот маргарин одозгора.
  5. Се превиткува тестото за маргаринот да остане внатре, па повторно се развлекува со сукало, и се сечат коцки.
  6. Се редат во подмачкан плех и се премачкуваат одозгора со едно јајце и им се наросува сусам.
  7. Се печат во загреана рерна на 200 степени додека да поруменат.
  8. Откако ќе бидат готови или пред да ги извадите од рерна можете одозгора да им изрендате и малку кашвавал по вкус.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text