Штрудлата е омилен десерт меѓу сите генерации. Еве како да ја направите!
Состојки:
- 1/2 кг брашно
- 1/2 квасец
- 150 гр маргарин
- 4,5 дл млеко
- 200 гр + 2 лажици шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 јајце
- 350 гр мелени ореви
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Во 2 дл млако млеко издробете квасец, додајте 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно и оставете да надојде. Останатите 2,5 дл млеко, 200 гр шеќер и ванилиниот шеќер згответе ги па прелијте преку мелените ореви.
- Надојдениот квасец измешајте го со брашно, омекнат маргарин и јајце, додајте малку сол, на врв на нож, и замесете глатко тесто.
- Оставете го тестото 20 минути да отстои, а потоа поделете го на два дела и од секој развлечете правоаголник, прекријте со фил од ореви и свиткајте во помала штрудла.
- Наредете ги штрудлите во намастен плех и печете ги на 180 степени околу 40-45 минути, додека не поруменат.
- Кога ќе се изладат, посипете ги со мелен шеќер и послужете.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта