Палачинки кои без грижа може да ги јадат и дијабетичари – Нов вкусен рецепт

Палачинки кои без грижа може да ги јадат и дијабетичари – Нов вкусен рецепт

Направете вкусни и посебни палачинки кои содржат само 164 калории, како и 26 грама јаглени хидрати.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 80 гр интегрално брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица овошен шеќер
  • 1 јајце
  • 1 банана
  • 185 мл кокосово млеко
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 10 гр диетален маргарин

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте го брашното со прашокот за пециво и шеќерот, додајте го јајцето и испасираната банана, па кокосовото млеко и ванилата. Матете со миксер да се изедначи.
  2. Тавчето премачкајте ја со маргаринот и загрејте ја, па ставајте по една кутлача од смесата и рамномерно распоредете ја по површината.
  3. Кога ќе бидат готови палачинките полнете ги со кокос, парчиња банани или шумско овошје, а по вкус може да прелиете и со јаворов сируп.

Уживајте во овој сладок вкус 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Палачинки на дански начин

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта