Посебни десерт бомбици – Рецепт кој и децата ќе го обожаваат

Посебни десерт бомбици – Рецепт кој и децата ќе го обожаваат

Направете топчиња со крем од кои ќе нема насит.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 300 гр варен компир
  • 1 јајце
  • малку сол
  • неколку лажици масло
  • 100 гр брашно
  • малку иситнети бисквити

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги компирите со лушпа, па излупете ги и испасирајте ги да добиете пире.
  2. Се става јајцето со малку сол и масло, па полека се додава и брашното. Тестото треба да биде меко.
  3. Се замесува убаво, па се формираат топчиња.
  4. Им се става нутела или некој друг крем на средината, па со рацете се дооформуваат бомбици.
  5. Загрејте вода до вриење, па ставете ги да се варат.
  6. Кога ќе бидат готови ќе испливаат на површината.
  7. Убаво поминете ги од сите страни во чинија со мелените бисквити.

На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text