Мек колач со чоколадо и гриз – Една смеса се прави на 100 начини

Мек колач со чоколадо и гриз – Една смеса се прави на 100 начини

Брз, вкусен и сочен колач со гриз и чоколадо. Лесно се прави, има неодолив вкус, а сите ќе сакаат парче плус.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 250 гр гриз
  • 150 гр мелени ореви
  • 250 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • 100 мл млеко
  • 2 јајца
  • 2 јаболка
  • 1 прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќерот и се додаваат маслото и млекото. Сè убаво се мати со жица.
  2. Потоа се додаваат гризот и оревите, па прашокот за пециво и изрендани јаболка.
  3. Смесата нека отстои додека добро да се загрее рерната на 200 степени.
  4. Во плех се става хартија за печење, па одозгора ставете ја смесата.
  5. Се пече 30 минути, а по првите 15 минути се намалува температурата на 180 степени.
  6. Се лади колачот, па се става на него глазура направена од 100 гр чоколадо и 2 лажици масло кои се топат на пареа.
  7. Се служи ладен, а по избор може да го декорирате со кокос, мрвици или нешто друго по избор.

Она што е најинтересно за овој колач е тоа што остава простор за експериментирање. Може јаболката да ги замените со круши или друго овошје, оревите со лешници или бадеми, да се додаде кокос или суво грозје по избор. Исто така може да додадете и какао во смесата… И сето тоа во зависност од вашиот вкус.

Уживајте и на здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text