Направете вкусни и брзи кифлички кои се печат само осум минути.
Супер вкусни, а ова е рецептот по кој ќе ги направите.
Состојки:
- 750 гр брашно
- 150 гр путер
- 3 лажици шеќер во прав
- 2 лажички сол
- 450 мл млеко
- 50 гр квасец
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Се загрева малку млекото, се тргна од оган и се меша со шеќерот во прав и путерот. Се става и квасецот во смесата, па се додава сол и брашно и се замесува тесто.
- Од тестото се обликуваат 20 ленти и секоја се витка во форма на кифла. Се редат во плех на хартија за печење.
- Се прекриваат со крпа и се оставаат еден час на собна температура, а рерната се загрева на 250 степени.
- Се премачкува секоја кифла со изматеното јајце, па одозгора наросете сусам.
- Се печат осум минути на 220 степени.
Добар апетит!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: