Фритата е јадење кое потекнува од Италија. Тука се комбинира зеленчук со јајца на начин кој потсетува на класичен омлет, но јадењето задолжително се пече во рерна.
Состојки:
- неколку цветови брокула
- 1 црвена пиперка
- 5 јајца
- морска или хималајска сол
- пармезан
Начин на подготовка:
- На маслиново масло издинстајте сечкана пиперка и цветови брокула, додајте разматени јајца и запечете во рерна. Кога фритатата ќе биде готова посипете со пармезан.
- Фритатата можете да ја правите од зеленчук по желба, а покрај јајцата и зеленчукот слободно можете да додадете сирење, месо и зачини.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт